More

    Црвениот аларм е вклучен во Хрватска: дури и до 40 степени Целзиусови

    spot_img

    Во Хрватска се борат со големи горештини. Температурите веќе во утринските часови на места се искачија до 28 Целзиусови степени. Целата земја е во црвено, на места живата ќе се искачи и до 40 Целзиусови степени.

    Во Дубровник и Сењ во 5 часот наутро се измерени 28 степени Целзиусови, откако во поголем дел од ноќта температурата не се спушти под 30 степени. Утрото во Сплит било постудено само за еден степен, додека во Риека метеоролозите измериле 26 степени. Во текот на денот, според прогнозите, температурата на воздухот на места ќе достигне до 38 Целзиусови степени, а горештините ќе се задржат и во ноќните часови.

    Хрватскиот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за денеска и петок издаде црвено метео предупредување кое важи за сите региони во земјата. Тој укажа на опасноста од топлина по здравјето, особено за децата и постарите лица, како и можните оштетувања на инфраструктурата.

    Надлежните служби ги повикаа жителите да не излегуваат на отворено во периодот од 10 до 17 часот и да пијат доволно течности, а родителите да не ги оставаат децата сами во возилата. Дека овие предупредувања се неопходни покажуваат два случаи во вторник. Според хрватската јавна радио и телевизија ХРТ, пожарникарите на Макарска околу 17 часот го извлекле детето од заклученото возило, а нешто подоцна на ист начин морале да интервенираат и нивните колеги од Каштел Лукшиќ, недалеку од Сплит.

    Во Босна и Херцеговина и натаму е најтопло на југот на земјата, каде според хидрометеоролошкиот институт на Федерацијата Босна и Херцеговина, температурите денеска ќе достигнат до 41 Целзиусов степен.

    Слично е и во Србија и Црна Гора, каде се борат со тропските горештини кои достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Хидрометеоролошките заводи на двете земји предвидуваат дека топлотниот бран ќе се задржи до крајот на неделата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img