На азиските менија е присутен илјадници години, а за време на владеењето на кинеските цареви бил познат како „забранет ориз“.
Имено, тој се одгледувал во мали количини бидејќи бил наменет само за царот и царското семејство и за други истакнати семејства, додека широките народни маси не смееле да го одгледуваат ниту да го консумираат.
Иако денес веќе го нема статусот на „забранета“ храна, сепак неговото производство е помало од производството на кафеав или бел ориз.
Црн ориз – од сите видови ориз, најбогат со хранливи материи
Половина чаша варен црн ориз содржи околу 160 калории и многу фитонутриенти, а исто така е добар извор на влакна, железо, бакар и протеини.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.