Хидроавион денеска се урна во реката Лим во местото Горња Ржаница кај Мурин, потврдија за „Вести“ од Основното државно обвинителство во Плав.
Според истиот извор од ОДТ Плав, во авионот имало две лица, кои пред падот скокнале од авионот и се симнале со падобрани.
Vijesti.me
Станува збор за странски државјани, кои не се повредени и превентивно биле прегледани во болницата во Беране.
Полицијата ќе излезе на местото на настанот со цел да собере информации за овој случај“, изјави истиот извор од ОДТ, пишува Вијести.