More

    Центар ќе формира претпријатие за производство на струја

    spot_img

    Општина Центар ќе биде првата општина која ќе формира сопствено Јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Градоначалникот Горан Герасимовски во вчерашното гостување во емисијата „200“ на телевизија Алсат зборуваше за мотивот, постапките и почнатите процедури за реализацијата на овој иновативен проект. Идејата за неговото формирање е енормното зголемување на цената на струјата и потребите за заштеда во општинскиот буџет.

    – Правиме евалуација за капацитетите на општината односно јавните објекти како училиштата, градинките и паркинзите каде првично се планира да бидат поставени фотоволтаичните централи, колкав ќе биде трошокот за формирање на претпријатието и колкав ќе биде бенефитот. Нашата цел е првично тие да бидат поставени со цел да обезбедат заштеда на буџетот, а потоа секако и вишокот на електрична енергија да се продава на отворениот пазар. Притоа заштедените средства ќе ги пренасочиме кон проекти како нови фасади на училиштата, стипендии, улично осветлување, нови проекти за повозрасните, поголемо зеленило, подобро уредени паркови и игралишта, поголеми инфраструктурни зафати во општината и друго – изјави Герасимовски.

    Покрај него, гостин во емисијата „200“ беше и професорот од Електротехничкиот факултет Драган Миновски, кој учествува во комисијата која ја прави евалуацијата за претпријатието. Миновски изјави дека формирањето на ова претпријатие е одличен проект особено сега кога се олеснети административните процедури за поставување фотоволтаични централи на покривите на јавните институции. Според него, ова е проект кој треба да го подготвуваат и другите општини бидејќи вакво јавно претпријатие ќе донесе бенефит за општината и за граѓаните.

    – Во моментов имаме олеснување во законската регулатива за поставување фотоволтаични електрани на кровните површини. Така што со таа олеснета процедура веќе нема одредени административни барања и дозволи кои треба да се добијат од општините и од другите јавни претпријатија за поставување фотоволтаични електрани. Потребен е основен проект за електрика и архитектура со кој се известува општината и потоа следи изведбата која е многу брза. Поставувањето е многу брзо за разлика од сите други видови производни капацитети за електрична енергија односно една постројка на кровна површина од 100 кw може да се изгради за 2 недели, не сметајќи го административниот дел околу набавката. Во секој случај техничкиот дел на процедурата е навистина брз и лесен. Тие се поставуваат на кровните површини кои нема да се користат во иднина и друг бенефит е позитивното влијание на животната средина – изјави Миновски.

    Герасимовски напомена дека во овој момент фокусот на општината првично е формирање на општинското претпријатие, поставување фотоволтаични електрани на јавните објекти под капа на општината. Потоа и негово проширување и во станбените згради каде енергијата ќе биде искористена за осветлување во заедницата односно во домовите, заедничките простории, лифтовите и продажба на вишокот електрична енергија која ќе донесе нови развојни инвестиции во општината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img