Цените на нафтата пораснаа за 8 отсто на отворањето на берзите, откако земјите од ОПЕК Плус објавија дека го намалуват производството за 1,16 милиони барели дневно од мај.
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ поскапеа за 5,07% до 83,95 долари за барел, а фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедит“ поскапеа за 5,17% на 79,59 долари за барел.
– Доброволните намалувања ќе започнат во мај и ќе траат до крајот на оваа година – изјавија од Саудиска Арабија.
Оттаму наведоа и дека тоа е мерка на претпазливост насочена кон стабилизирање на нафтениот пазар.
Овој потег уследи по одлуката на Русија да го намали производството на нафта за 500.000 барели дневно до крајот на 2023 година.
Членки на ОПЕК се Алжир, Ангола, Конго, Екваторијална Гвинеја, Габон, Иран, Ирак, Кувајт, Либија, Нигерија, ОАЕ и Венецуела и Саудиска Арабија.
Пошироката група ОПЕК плус ги вклучува и Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Русија, Судан и Јужен Судан.