Цената на нафтата минатата недела достигнаа највисоки нивоа оваа година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на нафтата минатата недела достигнаа највисоки нивоа оваа година, бидејќи најголемите светски производители решија да го задржат намаленото производство.

На лондонскиот пазар цената на барелот  порасна за 2,4%, на 90,65 долари, што е највисоко ниво од ноември минатата година. На американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 2,9%, на 87,50 долари, највисоко ниво од септември минатата година.

Порастот на цените втора недела по ред е резултат на одлуката на Саудиска Арабија и Русија да го намалат производството. Саудиска Арабија минатата недела објави дека ќе го намали производството за 1 милион барели дневно до крајот на годината, што ги изненади трговците кои очекуваа да ја продолжат одлуката за намалување на понудата само до крајот на октомври.

Русија одлучи да го намали извозот за 300.000 барели дневно до крајот на годината. Со намалување на производството, тие земји се обидуваат да одржат покачени цени на нафтата, имајќи предвид дека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на најголемите светски економии.

Трговците се надеваа на поголема побарувачка од Кина, откако на почетокот на годината беа укинати рестриктивните мерки за ковид.

Share This Article