Цената на какаото го достигна историскиот максимум од 5.874 долари за тон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените на какаото денеска се искачија на рекордни 5.874 долар за метрички тон, што е највисока цена на сите времиња. Ова, според аналитичарите, е резултат на лошите временски услови кои  негативно влијаат на приносите на земјоделските култури во Западна Африка, каде што се произведуваат три четвртини од светското производство.

Фјучерсите на какаото поскапеа за повеќе од 1.000 долари, или речиси 40% од почетокот на годината до денес, достигнувајќи го денеска  највисокото ниво на сите времиња  од 5.874 долари за метрички тон.

Феномен Ел Нињо предизвикува суши во Западна Африка, што им штети на приносите во Гана и Брегот на Слоновата Коска, двата најголеми производители.

-Промената на временските обрасци значи дека потенцијалните приноси на какао сега се трајно намалени- изјави  Хумза Хусаин, аналитичар за стоки во TD Asset Management.

Високата цена на какаото ќе придонесе и за раст на цените на чоколадото, а што деновиве го најавија и производителите од кондоторската индустрија.

Share This Article