More

    Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а имаат стари патни исправи, можат да се вратат во земјава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва

    spot_img

    Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а имаат стари патни исправи, можат да се вратат во земјава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информираше на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

    Министерот рече дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП ќе работат во повеќе смени, додавајќи дека најмногу барања за патни листови има во Германија.

    – Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6.000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана, – рече шефот на дипломатијата.

    Османи рече дека во државите каде немаме ДКП, како на пример во Африка, каде што има ДКП само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат испраќани по пошта.

    На 12 февруари истекува преодниот рок од Преспанскиот договор, споре членот 6 од договорот. Османи вели дека има јасна политичка волја и од Северна Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img