More

    Орбан се сретна со Трамп на Флорида, еве што разговарале!

    spot_img

    Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и поранешниот американски претседател и најверојатно републикански кандидат на овогодинешните претседателски избори, Доналд Трамп, се сретнаа на Флорида, на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго, што беше трета средба меѓу двајцата политичари.

    Унгарската делегација предводена од Виктор Орбан пристигна во резиденцијата на Трамп во петокот во пет часот попладне по локално време, по што беа одржани едночасовни разговори со Доналд Трамп и неговите соработници, пренесува унгарската агенција МТИ.

    По средбата Орбан на мрежата Икс напиша дека „во светот се потребни лидери кои се почитуваат и кои можат да создадат мир“.

    – Тој е таков човек! Вратете се и донесете ни мир господине претседателе! – рече Орбан, додавајќи дека му било задоволство да го посети Трамп.

    Предизборниот штаб на Трамп доцна во петокот соопшти дека Трамп и Орбан разговарале за „широк опсег на прашања што ги засегаат Унгарија и Соединетите држави, вклучително и важноста од силни и сигурни граници за заштита на суверенитетот на секоја нација“.

    По разговорот следеше заедничка вечера и концерт, пренесува унгарски Индекс.

    Орбан минатиот месец изјави дека се надева оти Трамп ќе се врати во Белата куќа и ќе придонесе за прекин на огнот во Украина.

    Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Шијрото во пресрет на вчерашната средба меѓу Орбан и Трамп изјави дека доколку кандидатот на Републиканската партија победи на претседателските избори во САД, САД повторно ќе бидат предводени од силен претседател.

    Орбан минатиот месец го поддржа обидот на Трамп да се врати во Белата куќа по овогодинешните претседателски избори, а на 23 февруари рече дека се надева оти Трамп ќе се врати во Белата куќа и ќе придонесе за прекин на огнот во Украина, објави тој претходно.

    Агенцијата потсетува дека Орбан одбил да испрати оружје во Украина и дека го критикувал Западот за воведувањето санкции кон Русија.

    Орбан постојано повикуваше на прекин на огнот и крај на војната во Украина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img