More

    Целта на Владата е фирмите да ги намалат цените на своите производи

    spot_img

    Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71, во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја, која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар – рече министерот за економија Крешник Бектеши по денешната средба со претставници од прехранбената индустрија.

    Како што рече министерот, ова е една од мерките кои ги вети Владата за поддршка на прехранбената индустрија, а која ја реализира Министерството за економија.

    – Како што најавивме и претходно и премиерот Димитар Ковачевски и ние како Министерство за економија, веќе ги подготвивме сите мерки со цел да им излеземе на пресрет на тие компании кои ги преизведуваат основните преханбени производи. Овие мерки се со цел компаниите, пред сè, производителите на основни прехранбени производи да имаат предвидливост и на таков начин да можеме да влијаеме и врз цените на финалните производи кои се произведуват и се продават од овие компании – изјави Бектеши.

    Како што кажа министерот, предлогот е доставен до Стопанските комори, а со него е предвидено мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија да трае до крајот на април

    – ЕСМ Продажба ќе ги снабдува со електрична енергија овие компании, согласно разговорите со Министерството за финансии и финансискиот простор што го имаме. Според првичните пресметки тоа ќе биде најверојатно под 100 евра на мегават час, што значи дека ќе биде двојно пониска од тоа што во моемнтов е на регулиран пазар, а речиси тројно или повеќе од тоа што е на отворен пазар, што значи дека секако ќе се намалат оперативните трошоци на компаниите до крајот на април и на таков начин може да направат дополнителни калкулаци во делот на одредување на крајната цена – изјави Бектеши.

    Министерот најави дека на ист начин и речиси слични одлуки веќе се подготвени од Министерството за економија во соработка со ЕСМ со другите енергетски компании и за основните и средни училишта, болници, јавни претрпијатија, а одлуката за нив ќе биде донесена до крајот на неделата.

    – Овој е еден сериозен и добар исчекор напред во однос на тоа дека ќе добиеме пониска цена на електрична енергија која ќе овозможи цените на основните производи коишто се произведуваат со овие шифри на дејност да биде со цена која што ќе биде прифатлива за крајните консументи – рече Горан Ѓоргиевски од Сојузот на стопански комори.

    Министерот Бектеши најави дека од 1 ноември ќе почне да со работа и централата ТЕ-ТО од каде ќе се обезбедат дополнителни количини струјакако и топлинска енергија за парното греење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img