More

    Царината заплени 11.800 долари од двајца сопружници

    spot_img

    Царински инспектори од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги спречиле обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16.000 долари.

    Сопружниците, кое се македонски државјани, на излез од државата на граничниот премин Богородица на прашање од мобилните инспектори дали имаат нешто да пријават, одговориле дека немаат ништо.

    При извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени 16.000 долари. Согласно Законот за девизно работење на двете лица им се вратени по 2.100 долари, а останатите 11.800 се привремено одземени.

    Биле земени изјави од патниците, а против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок.

    – Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2.000 евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2.000 евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање потврда од овластена банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10.000 евра не е дозволено да се изнесуваат – потсетуваат од Царината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img