More

    Фабриката за возови „Алстом“ има сериозни финансиски проблеми

    spot_img

    Фабриката за возови „Алстом“ од Велика Британија е пред затворање. Раководството на фабриката ја извести британската влада дека се принудени да ја згаснат фабриката која се наоѓа во градот Дерби.

    „Работевме исклучително напорно со месеци за да избегнеме затворање на фабриката по 147 години постоење. Сега мора да започнеме со тешката задача да ставиме крај на производствените операции. Производниот јаз од ваков обем е целосно неодржлив за Алстом и нашиот синџир на снабдување“, се наведува во писмото на извршниот директор на „Алстом“ Ник Кросфилд до министерот за транспорт Марк Харпер, објави„Дејли мејл“.

    Во 2021 година, „Алстом“ и партнерот „Хитачи“ добија договор вреден околу 2,8 милиони фунти за изградба на 54 возови за железничката линија ХС2.
    Британскиот министер за транспорт, на својот профил на „Икс“, го охрабрува раководството на компанијата да продолжи со работа и да му помогне на владиниот тим да најде излез од тешката ситуација.

    „Alstom треба да продолжи да инвестира во својата локација Дерби, со оглед на потврдената нарачка за HS2 и работите на реновирањето на композицијата и поради други значајни идни можности, вклучително и неколку значајни нови нарачки на возни паркови на пазарот“, напиша Харпер на својата сметка „X“.

    Медиумите шпекулираат дека околу 1.300 луѓе може да останат без работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img