Трошела повеќе од милион евра годишно, принцот Алберт ја брани сопругата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Принцот Алберт од Монако, во ново интервју за „Пари мач“, по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности.

Сепак, принцот призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е вознемирена поради сето тоа.

– Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи што се појавија во медиумите. Но, ние се поддржувавме еден со друг – изјави принцот Алберт.

Принцот Алберт зборуваше за тоа два месеци откако неговиот поранешен вработен Клод Палмеро тврдеше дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од милион евра годишно. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кнежевското семејство од Монако повеќе од 20 години, но се повлече во јули. Протечените документи го обвинуваат семејството и дека наводно вработувало нелегални имигранти.

Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“, поради нејзиното наводно постојано лошо расположение, како што се говори. И за нејзиниот брак со Алберт често се јавуваат гласини дека е во криза, но кнежевската двојка и натаму се појавува заедно во јавноста.

Share This Article