More

    Тројца британски државјани загинаа по пожар на јахта во близина на брегот на Египет

    spot_img

    Тројца британски државјани кои исчезнаа при пожар на јахта во близина на египетскиот брег на Црвеното Море загинаа, соопшти денеска туристичка компанија со седиште во Велика Британија.

    Тројца британски државјани кои исчезнаа при пожар на јахта во близина на египетскиот брег на Црвеното Море загинаа, соопшти денеска туристичка компанија со седиште во Велика Британија.

    Египетските власти соопштија дека 12 членови на екипажот и 12 британски туристи биле спасени кога нуркачката јахта „Ураган“ се запалила во неделата кај одморалиштето Марса Алам на Црвеното Море.

    По првата проверка на пловилото, египетските власти изјавија дека се верува дека пожарот настанал поради краток спој во машинската соба.

    Во краткото соопштение британската агенција „Скуба травел“ (Scuba Travel) наведува дека, „кога избувнал пожарот, 12 нуркачи биле на подготвителен состанок пред нуркање, додека тројцата кои исчезнале очигледно решиле да не нуркаат тоа утро“. се наведува во соопштението.

    Портпаролот на „Скуба травел“ изјави дека не знаел каде биле тројцата гости кога избувнал пожарот во неделата во 8 часот и 30 минути. Тој рече дека е вообичаено некои гости да се откажат од своето прво утринско нуркање за време на еднонеделните патувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img