More

    Трогателни пораки од поранешната и од сегашната сопруга на актерот Брус Вилис

    spot_img

    Славниот холивудски актер Брус Вилис на 19 март го прослави својот 69-от роденден. Со трогателни честитки и сентиментални фотографии на Инстаграм се огласија неговата поранешна сопруга Деми Мур и неговата сегашна придружничка Ема Хеминг Вилис.

    Тие му упатија многу потресни зборови и воедно објавија приватни детали или моменти од своето семејство.

    На Брус Вилис во 2022 година му беше дијагностицирана афазија, а минатата година следеше нова дијагноза, фронтотемпорална деменција. Поради болеста Брус беше принуден да ја заврши актерската кариера и се повлече од филмскиот свет.

    Деми Мур објави колаж од слики, првата е со Брус Вилис снимена неодамна. Тоа е многу емотивна фотографија, интимен момент на поранешните сопружници кои останаа пријатели по разводот.
    На втората фотографија Брус Вилис е со својата внука Луета, ќерката на Румер Вилис, а на третата со ќерките што ги доби од бракот со Деми Мур,  Румер, Скаут и Талула, која неодамна соопшти дека и е дијагностициран аутизам.

    „Среќен роденден БВ! Те сакаме и сме многу благодарни што те имаме“ – напиша Деми Мур.

    Актерката на својата приказна на Инстаграм објави видео од неа и Брус како танцуваат, снимено од Румер Вилис.

     

     

    Ема Хеминг Вилис, со која славниот актер ги има ќерките Мејбел и Евелин, на Инстаграм исто така упати сентиментална порака.

    „Исто како тебе, ние едноставно го обожаваме. Она што можеби не го знаете, но можеби можете да замислите, е дека најбезбедното место во цел свет е во неговите раце. Тој е вистински џентлмен. Со толку многу љубов што ја дава и споделува.Тоа е она што го гледам, неговата вистинска суштина. Можам да ви кажам, тој е толку чист и толку добар. Среќен роденден љубов моја. Ти си подарокот што се дава непрестано“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img