Борбата со хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) може да биде предизвикувачка и тешка и многу е важно да изградите добар однос со вашиот лекар.
Ако страдате од ХОББ, веројатно одите на редовни прегледи. Скратен здив, проблеми со дишењето, отежнато дишење, сето тоа се вообичаени проблеми со кои се соочуваат пациентите. Сепак, експертите предупредуваат дека треба да обрнете внимание на некои други симптоми.
Ова се трите симптоми на кои треба да обрнете внимание и задолжително спомнете ги кај вашиот лекар при следниот преглед.
1. Неконтролирани симптоми на ХОББ
Хроничната опструктивна белодробна болест може да предизвика сериозни проблеми доколку не се третира правилно. На пример, разни респираторни инфекции, проблеми со срцето, рак на белите дробови, висок крвен притисок, депресија итн.
Секогаш предупредувајте го вашиот лекар ако дишењето ви се влошило, ако не можете да здивнете, силно кашлате или кашлате слуз, особено ако земате лекови.
2. Проблем со придржување кон пропишаната терапија
Третманот со ХОББ значи дека треба да се придржувате до она што го препишал вашиот лекар. Исто така, престанокот со пушење е од големо значење – тоа е единствениот начин да се запре ХОББ и да се спречи влошување на болеста.
Се разбира, тоа не е лесно ако чувствувате несакани ефекти или планот за закрепнување не одговара на вашиот животен стил. Бидете искрени со вашиот лекар за вашите проблеми, дека не можете да се откажете од пушењето или зошто не можете да се придржувате до планот за лекување и заедно сигурно ќе најдете решение.
3. Промена на расположението
Битката со хроничните состојби е секогаш тешка и вообичаено е пациентите да чувствуваат стрес, анксиозност и депресија. Според истражувањето, околу 40 проценти од луѓето кои страдаат од ХОББ доживуваат некаков облик на депресија.
За среќа, постојат голем број механизми кои можат да се користат и да ви помогнат во емотивната борба на животот со ХОББ, од лекови до медитација.
Животот со ХОББ понекогаш може да биде тежок и комплициран, но особено е важно да имате искрен и доверлив однос со вашиот лекар.