Три години се криел од полицијата, сега ќе продолжи постапката против него

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното апсење на лице од селото Грчец, ќе ја продолжи истражната постапка против него, затоа што тој е последниот осомничен во предметот „Планина“, соопшти ЈО.

Лицето по наредба на Обвинителството се бараше со централна потерница повеќе од 3 години заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.

„Истражната постапка за предметот „Планина“ беше отворена во март 2021 година против 28 лица членови на 2 организирани криминални мрежи. Во тогаш спроведените акции на територијата на селото Грчец и населбата Гази Баба беа лишени од слобода 22 лица, а петмина беа во бегство и за нив истрагата беше прекината до нивно пронаоѓање. Од септември 2021 година до август 2023 година четворица од осомничените, меѓу кои и првоосомничениот, беа се лишени од слобода, по што истражната постапка против нив продолжи. Единствено недостапно беше лицето кое во текот на вчерашниот ден беше уапсено“, информира Јавното обвинителство.

Обвинетите се правосилно осудени на затворски казни од 3 до 8 години, додава ЈО.

„На детето во судир со законот му беа изречени воспитни мерки во траење од 1 до 5 години, додека за 3 лица беше донесена наредба за запирање на истрага, од кои за 2 предметот е препратен на надлежно постапување во ОЈО Скопје“, соопшти Обвинителството.

Share This Article