Третиот светски рекет Александар Зверев е дисквалификуван од АТП 500 турнирот во Акапулко, Мексико

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Третиот светски рекет Александар Зверев е дисквалификуван од АТП 500 турнирот во Акапулко, Мексико.

Организаторите го суспендираа тенисерот од турнирот во сингл поради неспортско однесување на денешниот меч во двојки.

Германецот му се развика на судијата и со рекетот неколку пати удри во судиската столица по поразот. За малку ќе го удреше судијата во ногата.

Александар Зверев беше бесен на судијата откако во игра на двојки со Марсело Мело загубија од Лојд Гласпул и Хари Хелиевааре во првото коло 2:6, 6:4, 6-10. Во решавачкиот тај-брејк, при резултат 8:6 за ривалите, Зверев се обиде да го убеди судијата да ја промени одлуката: „Топката е во аут, ова е пред твојата линија. Ти си идиот, му викаше тенисерот на судијата.

Во сингл, Зверев утре требаше да игра против Питер Гоџовчик.

Share This Article