Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата колешка Мина Наумовиќ со месеци уживаат во хармонична врска, а како што пренесува „Стар“, тој ги запознал нејзините родители и е подготвен за следниот чекор.
Според информациите, тој им рекол на нејзините родители дека има сериозни планови со Мина.
– Амиџиќ и Мина одлично се согласуваат и во август ќе биде една година како се заедно. Тие почнаа да живеат заедно во декември и се оди во сериозна насока. Меѓутоа, бидејќи Мина е од Нови Сад, Огњен немал можност да се запознае со нејзиното семејство, па тоа го направи неодамна. Тие се воодушевени од него, најважно им е што Мина е среќна. Се уште не се договориле за официјален датум, но разговарале за поинтимна свадба, па ја искористиле приликата и му соопштиле на семејството на Мина дека најверојатно ќе се венчаат во октомври – вели извор близок до водителот за „Стар“.
Мина е 17 години помлада од Огњен. Водителот претходно беше во брак со манекенката Данијела Димитровска, додека пак, прва сопруга на Огњен е Милица Марковиќ.
ФОТО: Инстаграм