Тренерот го удрил сопствениот фудбалер во глава и добил отказ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Soccer Football - Brasileiro Championship - Flamengo v Gremio - Estadio Maracana, Rio de Janeiro, Brazil - June 11, 2023 Flamengo's Pedro celebrates scoring their second goal REUTERS/Sergio Moraes/File Photo
- Advertisement -
Ad image

Бразилскиот фудбалски клуб Фламенго го отпушти помошниот тренер Пабло Фернандеш откако го удри напаѓачот Педро во лицето.

Неколку бразилски медиуми во неделата објавија дека 52-годишниот Фернандеш добил отказ по состанокот со челниците на клубот, но дека и првиот тренер Хорхе Сампаоли би можел да остане без работа поради нападот на неговиот помошник.

Фудбалерот поднел пријава против тренерот поради инцидентот што се случил ден претходно во соблекувалната по завршувањето на првенствениот натпревар.

Педро, кој беше во репрезентацијата на Бразил на последното Светско првенство, на социјалните мрежи изјави дека Фернандеш го удрил во уста по победата на Фламенго против Атлетико Минеиро од 2:1.

Напаѓачот потврди дека поднел жалба против Фернандеш и додаде дека имал проблеми со помошниците на Сампаоли.

Претходно во неделата, Фернандеш се извини и рече дека е „многу вознемирен и подготвен да ја реши ситуацијата“ со Педро што е можно поскоро.

Како што потсети агенцијата АП, Фернандеш беше суспендиран од француската Лига 1 во август 2021 година, откако удри навивач за време на тепачка на мечот меѓу Марсеј и Ница.

Се огласи Сампаоли, кој е тренер на Фламенго од април и истакна дека „единствено решение“ е разговор. Аргентинскиот тренер работи со Фернандеш од 2019 година.

Share This Article