Вредноста на потрошувачката кошничка е 51 234 денари, а според направените пресметки, минималната плата во март треба да се зголеми за 2 700 денари, рече Трпе Дејановски од Синкатот на УПОЗ во емисијата 24 Отворено.
– Според неофицијални пресметки од Министерството за финансии, таа ќе порасне за 1 800 денари. Кај нас најсоновните производи се во минималната кошничка и не влегуваат тука луксузните производи. Имаме трошоци за исхрана, пијалоци и за домување. И да порасне минималната плата, две минимални не ја стигаат синдикалната минимална кошница. Минималната плата треба да биде 26 000 денари, за да може едно четиричлено семејство без автомобил да го издржи месецот – вели Дејановски.
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска рече дека пресметките за минималната плата се правата врз основа на метологодија која е донесена во март 2022 и тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение.
– Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и на трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на минималната плата. Согласно податоците од ДСЗ, очекуваме минималната плата да биде околу 20 200 денари, значи ќе имаме минимална плата над 20 000 денари – рече Тренчевска.