Германскиот гигант Баерн Минхен за новата сезона го додаде 22-годишниот Шпанец Брајан Сарагоса од Гранада, пренесуваат германските медиуми.
Според информациите на порталот Sportbuzzer и телевизискиот канал Скај, германскиот шампион за трансферот наводно платил 15 милиони евра.
Сарагоса потпиша договор со баварскиот клуб до 2028 година, но ќе му се приклучи на Баерн дури на лето, од 1 јули 2024 година.
Интерес за Сарагоса изразија и РБ Лајпциг и англиски Брентфорд.
Висок само 1,64 метри, левоногиот напаѓач одигра 51 натпревар за Гранада (10 гола, 3 асистенции), а за шпанската репрезентација дебитираше во октомври.