More

    Со вкупно 8 пехари се закитија пингпонгарите на ППК „Зегин“ на првиот мастерс турнир кој се одржа во салата ,,Македонски бранители“ во Берово

    spot_img

    Со вкупно 8 пехари се закитија пингпонгарите на ППК „Зегин“ на првиот мастерс турнир кој се одржа во салата ,,Македонски бранители во Берово на 12 и 13, како и на 19 и 20 февруари. На 12 февруари, на првиот државен бодовен турнир за репрезентација на Македонија ППК Зегин освои злато во машка, злато во женска и бронза во женска конкуренција.

    На 19 февруари се одржа вториот бодовен мастерс турнир до 12 години во кој ППК Зегин се закити со злато во машка, сребро во женска и бронза во женска конкуренција, а на 20 февруари на бодовниот државен турнир во категорија до 15 години ППК Зегин освои сребро и бронза во женска конкуренција. Задоволни се и пингпонгарите и секако, тренерот на ППК „Зегин“ од Берово, Јован Ковачовски, кој изрази задоволство за постигнатиот успех кој резултат на напорна работа, желба и упорност.

    Селекторот на Пингпонгарската федерација истакна дека Берово е најсериозен и најдобар организатор на турнирите во пинг-понг и сериозен кандидат за освојување медали.

    ПК „Зегин“ важи за клуб со најголем подем во овој спорт и извор на млади таленти кои имаат шанси да влезат во сите категории со свои репрезентативци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img