More

    Трамп смета дека Израел ја губи медиумската војна: „Не треба да објавуваат снимки од уривање згради“

    spot_img

    Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Израел „ја губи ПР војната“ во својата војна во Газа поради израелските објави на социјалните мрежи на кои се прикажани слики од војната.

    „И другата работа што ја мразам е што постојано објавуваат снимки. Секоја вечер тие пуштаат снимки од згради како се уриваат“, рече Трамп во интервјуто со конзервативниот радио водител Хју Хјуит во четвртокот. „Не треба да пуштаат такви снимки. Затоа ја губат ПР војната. Тие, Израел апсолутно ја губат ПР војната“.

    Трамп, кој во октомври рече дека „се борел за Израел како ниеден претседател досега“, рече дека Израел мора да ја прекине војната, повторувајќи ги повиците што ги упати минатата недела.

    „Тие ги објавуваат најгрозните, најстрашни снимки од паѓање на згради. И луѓето замислуваат дека има многу луѓе во тие згради, па дури и не многу луѓе во тие згради, а тоа не им се допаѓа“, рече Трамп.

    „Не знам зошто пуштаа такви воени снимки. Претпоставувам дека сакаат да изгледаат опасно. Но, за мене тоа не ги прави да изгледаат опасно“, продолжи Трамп. „Тие ја губат ПР војната. Многу губат. Но, тие мора да го завршат она што го започнаа, и тие треба брзо да го завршат, а ние треба да продолжиме со животот“.

    Водителката го прашала Трамп дали „се уште е 100 отсто со Израел“, на што поранешниот претседател одбил да даде директен одговор, пренесува политичкиот магазин Политико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img