More

    Лекарите без граници го отфрлија објаснувањето на Израел: хуманитарните работници и претходно биле изложени на напади

    spot_img

    Организацијата Лекари без граници го отфрли објаснувањето на Израел дека воздушниот напад во кој загинаа седум хуманитарни активисти во Појасот Газа е „зажален инцидент“, нагласувајќи дека и пред тоа голем број хуманитарни работници биле изложени на израелски напади.

    Седум активисти на хуманитарната организација World Central Kitchen беа убиени во понеделникот во напад на нивниот конвој, откако на палестинското население му доставија 100 тони храна.

    Она што се случи со Светската централна кујна и нашите конвои и засолништа беше дел од идентични напади врз хуманитарни активисти, здравствени работници, новинари, претставници на Обединетите нации, училишта, станбени згради, изјави за новинарите во Женева генералниот секретар на Лекари без граници, Кристофер Локјир.

    Тој рече дека таквите напади укажуваат на намера или неодговорност, пренесува Ројтерс.

    Дозволувањето напади врз хуманитарните работници е политички избор. Информациите за нашите движења и локации се однапред споделени. Станува збор за неказнивост, целосно непочитување на законот на војната, нагласи Локјир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img