Тракторист од Кавадарци загина откако врз него се превртел неговиот трактор додека се обидувал да извлече од нива заглавено патничко возило, информира ОВР-Кавадарци.
Околу 14 часот вчера во полициската станица било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон село Ресава, во месноста „Црвена земја“, Љ.К.(54), управувајќи трактор „фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило „шкода фаворит“ при што изгубил контрола над тракторот, се излизгал и превртел.
На местото на настанот возачот Љ.К. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.