Трагедија во Хрватска: Позната танчерка загинала кога автомобил паднал во морето

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Возачот и уште двајца сопатници успеале да побегнат од БМВ-то, но Русинката Полина Голубева останала во автомобилот

Познат танчерка загина во БМВ што падна во морето. Полицијата констатирала дека возачот бил во алкохолизирана состојба и со кривична пријава е предаден на надзорникот на притворот. Тој рече дека мислел дека е на пат кон Пељешки Мост.

Возачот и уште двајца сопатници успеале да излезат од БМВ-то, но Русинката останала во автомобилот. Се обиделе да ја извлечат, но безуспешно.

Марко Цибочи, познат како член на жирито на „Танц со ѕвездите“, со емотивна порака се прости од својата поранешна танцова партнерка.

„Пред неколку часа ја имавме емисијата „Танц со ѕвездите“ на тема љубов. Седев и размислував колку е убав животот и како животот е подарок. Благодарен сум на секоја личност во мојот живот, а една од нив беше и ти.

Пред неполни 24 часа нè оставивте со голема празнина во нашите срца и во нашите животи. Не би го менувал нашето заедничко минато со подеми и падови за ништо на овој свет. Ти беше и секогаш ќе бидеш добро и топло човечко суштество со најкреативна душа што можеме да ја замислиме. И покрај тоа што добивме голема празнина во нашите животи, знам дека рајот доби уште еден ангел кој ќе не чува…“, напиша меѓу другото Цибочи со серија фотографии на Инстаграм.

Share This Article