Најмалку седум убиства се расветлени во истрагата за предметот „Беланоца-Барон“, по вчерашната координирана полициска акција во која е сузбиена 18-члена криминална група, информираше министерот за внатршени работи Панче Тошковски на пресконференција. Тој посочи дека заврши времето на криминалот.
Тошковски посочи дека акцијата покажала дека иима и нечесни полицајци кои му помогнале на еден од осомничените на 10 минути пред да влезе полицијата во објектот излегол од него.
– Претреси се извршени кај 24 лица на вкупно 30 локации, од кои 28 на подрајче на Скопје и две на подрачје на Велес. По извршените претреси досега е пронајдено огнено оружје, друга опрема поврзано со истото, панцири и досега се пронајдени некаде околу 30 милиони денари, во различни апоени, кај осмоничените, пет моторни возила се одземени, накит, поголема количина на злато, девет мобилни телефони, пет сим картички, држачи за истите, 12 рачни часовници, ресивери и итн, кои се одземени и ќе бидат предмет на вештачење – изјави Тошковски.
Во тек се претреси, а како што рече Тошковски и ќе продолжат и во наредните денови. Тој посочи дека на 16 декември е поднесена кривична пријава против 18 лица за сторени повеќе кривични дела, меѓу кои убиство, убиство во обид, кои се извршени во последните две-три години, а меѓу кои познато за јавноста во Шиша бар, кое предизвика голема вознемиреност кај македонската јавност, како поднесена е и кривична пријава за изнуда предизвикување на општа опасност и злосторничко здружување.
– Во текот на 2020 година дел од пријавените создале група, која имала за цел вршење на кривични дела убиство. Организаторите на оваа криминална група подготвувале планови и носеле одлуки, за тоа кој, кога, каде и на каков начин ќе биде лишен од живот, а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група, кои ги прифаќале и спроведувале – вели министерот.
Тој истакна дека во текот на 2021 година пет лица создале и група за извршување на убиства, кои се приклучиле кон оваа група, прифајќи го планот за лишување на лица од други организирани групи, како и на лишување на лица поради одмазда.
Тошковски истакна дека групата била организирана и дека секое од лицата имало задачи. Во 2023 година од осмоничените лица, или вкупно тројца формирале и група за изнуда, кои на насилен начин, со сериозни закани изнудувале пари од менаџери, сопственици, а дел од криминалната група била задолжена и за опожарување на објекти и автомобили.
– Секој од нив имал задачи во делот на планирање, упатување на закани, како и на земање на пари, за наводно обезбедување на објекти, меѓу кои и на спортски обложувалници. Оваа криминална група опожарила пет спортски обложувалници и една сендвичара. Групата се поврзува и со опожарување на возилата на вработени на затворската полиција – објаснува министерот.
Тошковски посочи дека акцијата покажала дека и нечесни полицајци, кои помогнале на еден од осмоничените на 10 минути пред да влезе полицијата во објектот излегол од него. Министерот порача дека заврши времето на криминалот.