More

    Тошковски најави и дека ќе почне со работа системот „Безбеден град“

    spot_img

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека може да се очекува најмногу за два месеци да се нормализира процесот на издавањето на патни исправи односно чекањето на граѓаните да се сведе во рамки на законскиот рок од 15 дена. Според министерот, најмногу 80 дена се чекало од фотографирање до издавање на патна исправа, но сега рокот е значително намален.

    – Од аспект на чекањето, да, се чека се уште, но отприлика за месец и половина до два, нашите очекувања се дека со континуирано производство на бројките како што беше последните четири месеци, пак, по 80.000 месечно, затоа што бројката на фотографирање е намалена отприлика на половина во споредба со она што беше претходно, ние за два месеци од сега ќе се вратиме во нормала. Ако граѓанинот се фотографира, да речеме на први, за петнаесетина дена, во рамки на законски дозволениот рок, во редовна постапка ќе се стекне со патна исправа – рече Тошковски во гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.

    Министерот рече дека во иднина ќе се бара софтверско решение кое ќе ги поедностави процедурите, и граѓаните ќе можат со едно фотографирање и една апликација да извадат повеќе документи, наместо како што е сега – посебно фотографирање за секој личен документ, патна исправа или возачка дозвола.

    Тошковски се осврна и на проблемите во главниот град Скопје. Тој рече дека сите скопјани сакаат ред, да спиијат навечер без гласна музика, без некој да „лета“ со 180 по „Партизанска“. Министерот најави казни за секој прекршок и порача дека системот „Безбеден град“ многу набрзо ќе биде ставен во функција, и тоа првично во Скопје, Тетово и во Куманово.

    – Сите сакаме ред, кој не сака ред? Сите сакаме да има ред, сите сакаме да спиеме навечер без да има гласна музика, сите сакаме да имаме мир без да „летаат“ со 180 по „Партизанска“ и по другите булевари во Скопје. Над 95 проценти од луѓето, па и повеќе, сакаат да има ред и поредок. Е сега, за да имаме ред и поредок, еден од условите кои што, според мене, треба да ги сториме во иднина е целосна имплементација на „Безбеден град“, првично во Скопје, Тетово, Куманово. Тоа значи дека секој еден кој што поминал на црвено треба да биде казнет, тоа значи дека секој еден кој што погрешно паркирал треба да биде казнет, тоа значи дека секој еден кој што возел со поголема брзина од дозволената треба да биде казнет. Тоа е во интерес на сите граѓани – рече Тошковски.

    Пред да биде имплементиран системот, посочи министерот, потребно е да се направат одредени законски измени и да се дефинираат деталите околу тоа како ќе функционира.

    – Претходно имале малку поинаква визија од таа јас што ја имам, од аспект на имплементација, но генерално тоа е тоа. Ќе се казнува сопственикот на возилото. Да, тука има дали требало така, дали можело така, во многу голем број европски држави е така, и треба да се внимава кога ќе се даде на управување возилото од страна на сопственикот. Има сега тука ако е на правно лице, има работи кои што ќе треба да се потсредат. Ќе треба да се среди доставата како ќе оди, да не испадне сега дека се изгубиле предметите при доставата, итн. Тоа се делови кои што мораат да се имплементираат – рече Тошковски.

    Сепак, смета дека по неговото ставање во функција ќе треба да има одреден период на предупредување, едукација и превенција.

    – Тоа значи дека најмалку месец дена откако ќе биде имплементиран и функционален, ќе треба силна кампања за да не испадне дека државата има за цел да ги казни финансиски граѓаните. Не, државата треба да има за цел да создаде ред и поредок. И, нормално, нормални сообраќајници во Скопје, да не гинат цело време луѓе по скопските улици и сите останати улици во Македонија – порача Тошковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img