More

    Тошковски: Досега се закажани 300.000 термини за издавање на лични документи

    spot_img

    Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска од Куманово, каде што започна пилот-проектот „Земи бројче“, кажа дека досега се закажани 300.000 термини за издавање на лични документи.

    Тој посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие кои пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани.

    – Врз принцип на правичност гледаме да го избуткаме овој процес. Бројката на термини, луѓе кои треба да пристапат во нареден период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален придонес од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на недела дена да ги чистиме листите со термини, за сите кои имаат завршена работа, се предомислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините – рече Тошковски.

    Министерот рече дека ќе бараат начин листите да се прочистуваат на дневно ниво.

    Тој истакна дека претходниот систем по принципот „Прв дојден, прв услужен“ во Скопје се покажа како хаотичен, затоа што кога имате 2,1 милиони лични документи коишто треба да се издадат.

    – Она што ни е сега се обидуваме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамки на систем, да пробаме да го регулираме процес и да сториме сè што е можно за обезбедување на документите – изјави Тошковски од Куманово.

    За ситуацијата во ПС „Пролет“ во Скопје, Тошковски рече:

    „Се сеќавате 5.000 луѓе пред врата, а внатре фотографираат на дневна основа по 300 лица. Овде во Куманово го нема тоа“.

    Тошковски информира дека МВР размислува да воведува систем за проверка на готовите лични карти во Скопје, како и испраќање на СМС пораки, како што е случајот со патните исправи. За времето потребно за имплементација, министерот истакна дека сè уште не може да каже точно кога ќе профункционира и најави дека ќе се произнесе дополнително.

    Заедно со министерот Тошковски, дополнителниот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска ги посети новоотворените простории на службата за управни работи во Куманово.

    – Од денеска, на брз, достоинствен и лесен начин граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи, како и да ги подигнат истите без да чекаат во ред – изјави Андоновски.

    МИОА обезбеди систем за управување со клиенти, кој го минимизира метежот.

    – Дигитализацијата на процесите го олеснува животот на граѓаните. Затоа е многу важно истата да се случува во сите институции и сите услуги. Дигиталната трансформација ќе значи брзи, точни, навремени и евтини услуги, намалено време на чекање и задоволни граѓани. И во понатамошниот период продолжуваме со институционалната соработка во служба на граѓаните – посочи Андоновски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img