More

    Торнадо денеска го погоди Милано, а на социјалните мрежи се појавија страшни снимки од невремето

    spot_img

    Торнадо денеска го погоди Милано, а на социјалните мрежи се појавија страшни снимки од невремето.

    Силен бран на лошо време, со екстремни појави денеска околу 11 часот ја зафати Ломбардија.

    Како што можете да видите на видеата кои кружат по социјалните мрежи, небото се поцрни среде бел ден, додека торнадото носеше сѐ пред себе.

    Според „Кориере дела сера“, во петокот наутро во североисточниот дел на Милано, пожарникарите извршиле околу 110 интервенции, поради поплави, откорнати покриви и паднати дрвја по насилното невреме.

    Силен бран бури, со екстремни појави како град поголем од тениско топче, со пречник до 7-8 сантиметри го зафати северниот дел на Ломбардија, како и Венето, во ноќта меѓу четвртокот и петокот наутро.

    Во петокот наутро беше забележано силно невреме со град (големина на топчето за голф, оштетени многу автомобили), дожд и ветер во областа Сароно, поплавени се два подвозници, а патиштата се блокирани од паднати дрвја.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img