More

    Том Паркер ја изгуби битката со болеста

    spot_img

    Почина 33-годишниот пејач Том Паркер, ѕвездата на бендот „The Wanted“, по борбата со туморот. Веста за неговата смрт ја потврди неговата скршена сопруга Келси.

    „Нашите срца се скршени. Том беше центарот на нашиот свет и не можеме да го замислиме животот без неговата заразна насмевка и енергично присуство“, додала таа.

    Том зад себе остави и две деца, двегодишната Аурелија и едногодишниот Боди.

     

     

    На Том му беше дијагностициран терминален тумор на мозокот во 2020 година и му беше кажано дека му остануваат само 18 месеци живот.

    Храбриот Том ги надмина изгледите откако помина неколку напорни циклуси на хемотерапија, објавувајќи минатата недела дека напишал и книга за својата битка.

    „Мојата книга не е за умирањето: тоа е книга за животот. Тоа е книга за наоѓање надеж во секоја ситуација со која се соочувате“, рече тој тогаш.

    Во октомври 2020 година, Том откри дека има неоперабилен глиобластом во четврта фаза, што лекарите го опишаа како „најлошото сценарио“.

    Пејачот се надеваше дека револуционерниот третман ќе му го продолжи животот, но се чинеше дека неговото здравје почна да се влошува. Во документарецот снимен за неговата болест, тој откри дека се плаши од смртта.

     

    „Дека сум исплашен, малку е да се каже. Бев скаменет кога ми рекоа дека немам уште многу време. Не можев да престанам да мислам на смртта“, рече тој плачејќи пред камерата.

    „Толку е тешко да се размислува за иднината бидејќи навистина не знам веќе што носи таа“.

    Том се приклучи на „The Wanted“ во 2009 година, а бендот сними 10 Топ 10 синглови во Велика Британија и три Топ 10 албуми.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img