Сури, ќерката на актерите Том Круз и Кејти Холмс, одеднаш стана богата тинејџерка, кога на 18-от роденден добила сериозно висок паричен фонд, пишува „Дејли Мејл“,
Фондот кој го обезбедил нејзиниот татко и станал достапен кога наполнила 18 години.
Иако Том Круз не бил активно присутен во нејзиниот живот, тој со години инвестирал во нејзината фондација. Иако финансиски учествува во нејзиното воспитување, 62-годишниот актер одлучил да не ја гледа својата ќерка во последните 11 години, бидејќи неговата верба во скиентологијата имала предност во неговиот живот.
„Дел од спогодбата за развод беше тоа што фондот, обезбеден од Том Круз, ќе и биде достапен на Сури кога ќе наполни 18 години, а станува збор за значителна сума. Нејзе ѝ беше дозволен пристап до дел од фондот кога наполни 18 години во април. Остатокот од парите ќе ѝ станат достапни кога ќе ги достигне триесеттите. Фондот е внимателно структуриран за таа да не ги добие сите пари одеднаш и да се преоптоварува“, изјавил извор за Дејли Мејл.
Покрај тоа, Кејти основала сопствен фонд за нејзината единствена ќерка, затоа што, како што изјавила, сака нејзината ќерка да има квалитетен живот.
Според Celebrity Net Worth, Том Круз вреди над 600 милиони долари, додека Кејти Холмс 25 милиони долари.