Тинејџерка од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинета дека ја избола мајка си до смрт бидејќи ѝ го зела мобилниот телефон, објави порталот Њусвик.
Припадниците на полицијата од локалната станица во Вилкс-Баре во петокот попладне биле повикани да интервенираат по пријава дека една жена не дава знаци на живот.
По пристигнувањето на местото на злосторството, полицајците пронашле жена со повеќе убодни рани во пределот на вратот и на грбот, па само можеле да констатираат смрт.
На местото на настанот било пронајдено и 11-годишно момче со повреди на грбот нанесени од нож, кои, сепак, не биле опасни по живот, како и 13-годишната ќерка на убиената која е обвинета за убиство.
Според полицијата, девојчето на лице место признало дека ја убило мајка си по расправија при која му го одзела ајфонот, изгледало вознемирено и се каело за тоа што го сторило.