Тиктокерката Леа Халтон го полуде светот, а луѓето на социјалните мрежи го поставуваат прашањето „зошто“?
Симпатичната црнокоса предизвика бурни реакции на социјалната мрежа Тик-Ток кога објави видео од автомобилот, а никој, 365 милиони прегледи подоцна, не разбира зошто.
Во февруари, Леа објави видео од автомобил на кое се гледа како отвора уста на дел од песната „Praise Jah In The Moonlight“ на Џошуа Омар Марли.
Луѓето на Тик-Ток и порано правеле ваков вид видеа, но овој пат една работа изненади многумина – нејзиното видео досега е прегледано над 365 милиони пати и има собрано 32 милиони лајкови и 612.000 коментари, од кои повеќето се исти: „Зошто“?
„Да, убава е, но зошто толку многу прегледи?“, гласи еден од коментарите.