Платформата ТикТок (TikTok) и неговата матична компанија „ByteDance“ поднесоа тужба против американската влада во Сојузниот суд во која бараат да се блокира законот кој го потпиша американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се бара од ТикТок да биде продаден поради наводна поврзаност со Кина или да биде укинат во САД.
Компанијата и платформата тврдат дека законот го крши Уставот на САД по бројни основи, вклучувајќи ја и заштитата за слобода на говор на основа на Првиот амандман.
Законот, кој Бајден го потпиша на 24 април, на компанијата „ВyteDance“ и дава рок до 19 јануари 2025 година да го продаде TikTok или да се соочи со забрана.
Во тужбата се укажува дека законот кој носи таква забрана е донесен по прв пат во историјата.