„Тесла“ повелкува 1,1 милион возила во САД

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

 Автомобилската компанија „Тесла” повлекува 1,1 милион возила во САД поради дефекти во системот за автоматско спуштање и кревање на прозорците што може да не открие пречка при движење на прозорец и да предизвика повреда, пишува „Блумберг”.

Самоуправувачкото отворање и затворање работи така што спречува повреда на патниците во возилото – со запирање на прозорецот ако тој наиде на пречка. Ова масовно повлекување опфаќа возила „Модел 3″ (произведени 2017 – 2022), „Модел Ипсилон” (2021 – 2022), „Модел С” и „Модел Икс”.

Компанијата соопшти дека засега не се пријавени какви било барања во однос на гаранциите, како ни незгоди, несреќи, повреди, ниту смртни случаи поврзани со овој проблем.

Share This Article