More

    „Тесла“ отпушта 400 работници од фабриката во близина на Берлин

    spot_img

    Американскиот производител на електрични автомобили Тесла објави дека ќе укине 400 работни места во фабрика во близина на Берлин, наведувајќи ја слабата продажба во услови на жестока ценовна војна меѓу производителите.

    На почетокот на минатата недела, Тесла објави дека поради слабата побарувачка и жестоката конкуренција во цените, ќе отпушти повеќе од десетина од својата работна сила ширум светот, што би значело отпуштања за околу 14.000 вработени. Од компанијата не ја прецизираа точната бројка, а според годишниот извештај за 2023 година, во декември вработиле 140.473 работници.

    Во четвртокот, компанијата објави дека нема да ги продолжи договорите на 400 привремени работници во фабриката во Груенхајм.

    Фабриката во Груенхајм е единствена фабрика на Тесла во Европа и моментално вработува 12.000 работници.„Сегашното слабеење на пазарот на електрични автомобили е исто така предизвик за Тесла“ – се наведува во соопштението од компанијата во кое се образложени причините за кратењето на работните места.

    Тие најавија програма за „доброволно заминување“ за да избегнат отпуштања. Раководството за негово спроведување ќе разговара со работничкиот совет, додаваат оттаму, не наведувајќи детали. Договорните партнери веќе ангажирале поголем дел од отпуштените привремени работници, тврдат оттаму.

    На почетокот на месецот, „Тесла“ прелиминарно објави дека испорачала приближно 387.000 возила во првиот квартал, приближно 8% помалку отколку во првите три месеци од 2023 година. Како причина за падот на продажбата меѓу другото, се наведува кризата во Црвеното Море и подметнувањето пожар во објектот во близина на Берлин.

    Компанијата ги намали цените неколку пати минатата година за да ја одржи побарувачката, што се одрази со скок на продажбата од 40% и продадени 1,8 милиони автомобили. Приходите на крајот на годината нагло се забавија, на само 3%, а раководството предупреди дека очекува многу послаб раст во 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img