Тесла извести за првиот пад во продажбите на годишно ниво по 2020 година како резултат на зголемената конкуренција на електрични возила од западните производители на автомобили и од Кина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тесла извести за првиот пад во продажбите на годишно ниво по 2020 година како резултат на зголемената конкуренција на електрични возила од западните производители на автомобили и од Кина.

Илон Маск, извршен директор на компанијата за производство на електрични коли, извести дека во првите 3 месеци годинава биле произведени 433.000 возила но дека биле продадени само 387.000. Во последните 3 месеци лани биле продадени 484.507 возила. Во првото тримесечје од 2023 година Тесла продала 422.875 возила.

На смалениот број продажби Тесла одговори со намалување на цените. Иако компанијата е попрофитабилна од традиционалните автопроизводители, намалените цени ги истиснаа маржите од профит што ја зголемуваа вредноста на акциите.

Како резултат на ова акциите на компанијата на берзата вчера се намалија за 5 отсто, и изгубија повеќе од третина од својата вредност годинава.

За намалените испорачани количини Тесла посочи неколку фактори. Првиот е зголеменото производство на обновената верзија на Модел 3 во својата фабрика во Фримонт, Калифорнија. Потоа затворањето на некои фабрики како резултат на пренасочениот бродски сообраќај преку Црвеното Море поради нападите таму. Исто така фактор беше и еднонеделното затворање на фабриката во Германија поради намерно опожарување од страна на група еко активисти.

Share This Article