Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола-Ресен кај месноста Макази, во која загина 52-годишен маж по потекло од Битола.Во битолската болница подлегнал на повредите и лице од Охрид П.Н. ,додека уште едно лице од Охрид е во критична состојба и лекарите во битослката болница се борат за неговиот живот.
Како што јавија локалните медиумо сообраќајката се случила меѓу две патнички возила, едното со странски, а другото со охридски регистерски таблички. Од ударот едното возило е опожарено.