Тенисерката конечно проговори, таа и партнерот раскинале пред неговата смрт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Смртта на поранешниот хокејар и партнер на Арина Сабаленка, Константин Колцов сѐ уште е една од главните теми во светскиот спорт.

Два дена по трагедијата што се случила во Мајами, тенисерката првпат ѝ се обрати на јавноста и освен тоа што побара да биде почитувана нејзината приватност, откри дека не била во врска со Колцов затоа што раскинале пред извесен период.

– Смртта на Константин за мене е незамислива трагедија, а иако не бевме заедно, моето срце е скршено. Ве молам да ја почитувате мојата и приватноста на неговото семејство во овој тежок момент“, напиша втората светска тенисерка која во Мајами ќе игра во „црнина“ и нема да има обврска да излегува пред новинарите.

Нејасно е кога раскинале таа и Колцов бидејќи екс-хокејарот ѝ беше придружба на тенисерката на Австралија Опен во јануари кога Белорусинката ја одбрани титулата. Нивната врска траеше околу три години.

фото: Инстаграм

Организаторите на турнирот во Мајами и обезбедија на белоруската тенисерка Арина Сабаленка дополнителен ден за одмор, објави официјалниот сајт на ВТА.

Мечот од второто коло против Шпанката Паула Бадоса требаше да се одигра на 21 март, но сега е закажан за 22 март (16 часот по московско време).

Претходно се дозна дека момчето на Сабаленка, Константин Колцов, почина во Мајами, каде допатува за да ја бодри својата девојка.

Сабаленка е втора носителка на турнирот, прва фаворитка е Ига Швјонтек од Полска.

Share This Article