Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот aфрикански бран во Македонија, со многу високи температури на воздухот, предвидува метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде викендов, на 3 и на 4 август, кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.
Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина, температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени.
УВ-индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува некаде помеѓу 8 и 9.