More

    Темни прогнози: Во иднина, повеќе од 35 милиони луѓе годишно ќе се разболуваат од рак

    spot_img

    Глобалниот број на нови случаи на рак ќе се зголеми за повеќе од 75 проценти до 2050 година, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

    Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), која работи во рамките на СЗО, јасно укажува на растечките проблеми, од 14,1 милиони нови случаи и 8,2 милиони смртни случаи во светот во 2012 година на 20 милиони нови случаи и 9,7 милиони смртни случаи десет години подоцна. Во исто време, IARC предвидува дека ќе има повеќе од 35 милиони нови случаи на рак до 2050 година, што е зголемување од 77 проценти во однос на нивоата во 2022 година, и дека смртните случаи речиси ќе се удвојат од 2012 година, на повеќе од 18 милиони.

    Како клучни причини за ваквите мрачни прогнози, IARC наведува дека употребата на тутун, консумирањето алкохол и дебелината се клучни фактори, како и стареењето и растот на населението, пренесува Гардијан.

    Се предвидува дека земјите со највисок приход ќе забележат дополнителни 4,8 милиони нови случаи до 2050 година, додека земјите со пониски приходи истовремено ќе бидат сведоци на најголем пропорционален пораст на случаите. Смртноста од рак во овие земји може речиси да се удвои.

    Истражувањето опфаќа 185 земји и 36 видови на рак и покажува дека десет типови ќе претставуваат приближно две третини од новите случаи и смртни случаи ширум светот во 2022 година.

    Ракот на белите дробови е најчесто дијагностициран, со 12,4 отсто од новите случаи и 18,7 отсто од смртните случаи. Ракот на дојка кај жените е втор најчест облик на рак, но иако сочинува 11,6 отсто од случаите, тој предизвикува помалку од седум отсто од смртните случаи. Други главни причини за смрт се ракот на цревата, црниот дроб и желудникот.

    Нееднаквостите се особено изразени кај ракот на дојката. Жените во земјите со пониски приходи имаат 50 отсто помали шанси да бидат дијагностицирани со оваа болест отколку жените во земјите со повисоки приходи, што ги става на многу поголем ризик од смрт. Значи, раната дијагноза и третман би помогнале многу во намалувањето на стапката на смртност.

    И покрај тоа што може целосно да се спречи, ракот на грлото на матката е осми најчест рак во светот и деветта водечка причина за смрт од рак, одговорен за 661.044 нови случаи и 348.186 смртни случаи. Најчест е кај жените во 25 земји, од кои повеќето се во субсахарска Африка.

    Заклучокот од истражувањето е дека може да се направи повеќе на превенција и дека местото каде што некој живее не треба да биде причина да не ја добива потребната здравствена заштита.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img