More

    ТЕХНИЧКА ВЛАДА БЕЗ ОПОЗИЦИЈА – И ИЗГЛЕДА ШАШАВО И НЕ ФУНКЦИОНИРА!

    spot_img

    Целта на техничката влада е на 100 дена пред изборниот ден да се воведат контролни механизми во клучните ресори каде што се трошат државните ресурси, но ако таа контрола не постои, односно ако на опозицијата не ѝ биде овозможено да предложи свои технички министри и заменици, тогаш таа влада не е техничка, туку повторно е политичка, без оглед на тоа дали техничкиот премиер е Македонец или Албанец.

    Вака политичките аналитичари ја коментираат можноста предлогот за состав на техничката влада што ќе биде доставен до Собранието да има празни места во делот каде што треба да фигурираат имињата на министрите од ВМРО-ДПМНЕ.

    Па така, доколку ВМРО-ДПМНЕ остане на ставот да не гласа за техничката влада и доколку не ги поддржи нивните предлози, тогаш за нив нема да гласаат ниту пратениците од владината коалиција.

    Предлогот за креирање половична влада е еден обичен политички аматеризам од страна на власта. Ние практично нема да имаме министри во неколку сектори. Кој ќе ги потпишува платите, на пример?

    Никола МицевскиПратеник, ВМРО-ДПМНЕ

    Во таков случај, местата на опозициската партија во техничката влада би останале неисполнети, па оттаму е и загриженоста на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој предупредува на опасноста да нема кој да потпишува плати и други решенија во секторите каде што нема да бидат назначени министри.

    – Оставката на претседателот на Владата повлекува и оставка на целата Влада, а тоа значи дека датумите коишто ги соопштуваат како можни датуми за оставки на премиерот и на претседателот на Собранието, практично е оставка на целата Влада. Така што, предлогот за креирање половична влада е еден обичен политички аматеризам од страна на власта. Ние практично нема да имаме министри во неколку сектори. Кој ќе ги потпишува платите, на пример? Ние не можеме да имаме дополнителни министри или заменици-министри кога законот е сосема јасен: орган на управа е Владата, а со Владата управуваат министри – објаснува Мицевски.

    Интересно е тоа што ваквиот развој на настаните, во поглед на проблемите со формирањето техничка влада, не е единствен пример на којшто се сеќаваат граѓаните.

    Во 2016 година, за време на гласањето за техничка влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со тогашниот технички премиер Емил Димитриев, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата за избор на техничка влада. На таа седница СДСМ не ги гласаше своите кандидати за министри.

    Тогашните технички министри за внатрешни работи Оливер Спасовски и за труд и социјала Фросина Ременски дадоа заклетва дури 3 дена подоцна, а ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се закани со санкции за таквото кршење на законот од страна на СДСМ.

    Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека ниту некогаш се видело, ниту некогаш се чуло да се формира техничка влада без опозиција.

    – Никако не е изводливо, затоа што не постои полупразна или полуполна влада. Мандатарот предлага состав на новата влада којашто треба да добие поддршка од мнозинството пратеници, а во тој состав на влада има повеќе ресори. Доколку вие не предложите министри за тие ресори, тоа значи дека ресорите треба да се укинат. Така што, не постојат празни места или влада во којашто ќе имаме министри на чекање. Мнозинството е 61 пратеник, па кој ќе гласа за таа влада и дали воопшто ќе се собере 61 пратеник, правото воопшто не навлегува во тоа дали ќе гласаат пратеници од ДУИ, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или на било која друга парламентарна партија – објасни Божиновски.

    Ако во техничката влада не учествуваат министрите од опозицијата и не се воспостави заштитниот механизам, додаваат експертите, тогаш може да си остане политичката влада, бидејќи нема да има потреба од формирање техничка влада.

    – Тогаш веќе немаме техничка влада, туку имаме политичка влада, односно тоа што го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ дека целата игра всушност со техничката влада е да се исполни ветувањето кон ДУИ во последните 100 дена од мандатот на оваа влада да добие свој премиер – посочи Божиновски.

    Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и поранешен генерален секретар на Собранието, Александар Новаковски, во интервју за Канал 5 изјави дека техничката влада теоретски би можела да функционира и без учество на најголемата опозициска партија во неа, но како што вели, со тоа ќе се отворат низа правни прашања кои ќе доведат до сериозни последици меѓу кои и оспорување на нејзиниот легитимитет.

    – Главната цел на формирањето на техничката влада беше учеството на најголемата опозициска партија во неа, која, преку клучните министерски позиции – Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјала – ќе ја контролира власта при спроведувањето на изборите за да се спречат евентуални злоупотреби. Ако опозицијата не се согласи да номинира свои технички министри и заменици, може да се доведе во прашање и да се оспори законски таа техничката влада иако не носи суштински одлуки и нема мандат за тоа – вели Новаковски и додава дека се надева дека ВМРО-ДПМНЕ сепак ќе биде дел од техничката влада.

    Оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери се најавени за в четврток, пред новата седница на Собранието закажана за в петок, 26 јануари, кога би биле констатирани оставките и би бил избран новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ.

    Изборот на техничката Влада треба да биде в недела на 28 јануари. Владата треба да биде избрана најдоцна до полноќ, а ќе ја предводи новиот технички премиер Талат Џафери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img