Црн џип, замаглени стакла, киднапирано момче во багажник, трака на уста и врзани раце се дел од новиот спот со крими-приказна на пејачката Теа Трајковска.
На нејзиното најново музичко остварување „Гори“, како за претходните песни, таа се потпишува како автор на текстот, додека пак музиката и аранжманот се дело на нејзиниот долгогодишен соработник, познатиот продуцент Лазар Цветкоски.
Теа за првпат соработуваше со младиот и талентиран режисер Горан Симјаноски, а покрај Трајковска, улоги во спотот имаат и Роберта Цветковска (соучесник на Теа) и Филип Самарџиев (жртва).
„Гори“ е еден од моите најдраги проекти и песна во која многу верувам и ја сакам уште од денот кога имаше само една строфа, а рефренот го направивме цела година подоцна. Мислам дека со спотот одлично го доловивме „вајбот“ и енергијата на песната, а најзадоволна сум затоа што успеавме да направиме стилска промена со Лазе и покрај седум години работење заедно и многу песни позади нас, вели Теа.
Теа, која важи за една од највредните артисти на естрадата, веќе работи на следниот музички проект.
ФОТО: Промо