Тажна љубовна приказна се крие зад хитот на Борис Новковиќ „Тамара“. Кога ја снимал песната во далечната 1986 година пејачот имал 17 години, а негов пријател бил вљубен во една Тамара. Љубовта не му била возвратена на пријателот, пишува српска Нова.
Бргу по објавувањето на песната Тамара се препознала и му испратила порака на телефонската секретарка заблагодарувајќи му се на пријателот на Новковиќ.
– Се сетивме на пријател кој навистина лудуваше по една Тамара. Тој направи сé за неа. Поради неа падна од моторот, не успеа на училиште, а на крајот ништо не му помогна – открил тогаш Борис Новковиќ.
Борис потоа додал дека знае каде е сега Тамара и дека таа има три деца.