More

    Таткото на убиецот на Данка не сакал да соработува со истражителите

    spot_img

    Таткото на осомничениот Дејан за убиството на малата Данка Илиќ од Србија, Раде Драгијевиќ, вели дека се заколнал оти никогаш нема да ја открие локацијата каде е закопано девојчето, тврди српскa Република, повикувајќи се на тврдење на неименеуван извор за српски Телеграф.

    – Никогаш нема да кажам каде е телото на Данка – им рекол таткото на истражителите во распитот.

    Таткото Раде исто така е во притвор, а од целото семејство само мајката е на слобода, но и таа била повикана на информативен разговор.

    Според неофицијални информации, синот на Раде, братот на осомничениот Дејан, Далибор Драгијевиќ, пред да почине во притвор признал дека со брат му и со татко им го распарчиле телото на Данка, кое потоа го однеле на локација позната само ним, како и дека таткото потоа повторно се вратил и го преместил телото, а на синовите не им кажал каде го однел.

    Српските медиуми пишуваат и дека, наводно, мајката Светлана Драгијевиќ наводно денеска е однесена на тајна локација за да даде исказ и да каже што знае за убиството на двегодишното девојче.

    Дејан Драгијевиќ (50), од селото Злот кај Бор, е главен осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), а неговиот татко Раде (73) и сега починатиот брат Далибор (40) се осомничени дека му помогнале да се скрие телото на девојчето. Се проверува дали Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан, покрај Раде и Далибор, имале и други соучесници во пренесувањето на телото на покојната Данка.

    Според истрагата, осомничените за убиството неколкупати го преместувале телото на Данка.

    Денеска полицијата и жандармеријата го пребаруваа просторот од селото Злот до селото Шумраковац каде има неколку депонии и резервоари со вода.

    Данка исчезна на 26 март во дворот на викендица во Бањско Поље, а минатата недела Србија ја потресе страшна вест дека Данка е убиена.

    Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор продолжува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img