Таткото на убиената Вања Ѓорчевска останува во притвор

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Таткото на убиената Вања Ѓорчевска останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ рече дека иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија.

Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски сѐ уште не е сослушан во Обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.

Share This Article