More

    Таткото на Мајли Сајрус се разведува третпат, по седум месеци брак

    spot_img

    Таткото на Мајли Сајрус, Били Реј Сајрус (62) поднесе барање за развод од австралиската пејачка Фајроуз (34). Тие се венчаа во октомври минатата година, а документите за развод биле поднесени минатиот месец. Познатиот музичар „издржа“ во брак седум месеци.

    Били Реј Сајрус се зближи со ќерката Мајли Сајрус, по наводната семејна драма.

    Пејачот поднесе барање за развод од сопругата Фајроуз, седум месеци откако парот го прослави својот посебен ден, а обожавателите претходно шпекулираа за нивната врска откако тие престанаа да објавуваат еден за друг на социјалните мрежи.

    Веста доаѓа откако пејачот сподели убава порака за Мајли, откривајќи колку е горд на нејзината успешна кариера и сподели стара фотографија.

    Според американскиот портал ТМЗ, Били поднел барање за развод на крајот на мај, без некои големи најави за разделба.

    Двајцата музичари беа заедно седум месеци, а причината за разводот сè уште не се открива. Фановите мислат дека тоа би можело да има врска со обидот на Били да се поврзе со неговото семејство по гласините за семејна караница по неговиот развод со Тиш Сајрус.

    Ова е трет брак на пејачот. Тој претходно беше во брак со Синди Смит од 1986 до 1991 година, а потоа се ожени со Тиш, со која има три деца, Мајли, Брејсон и Ноа. Тиш поднесе барање за развод во април 2022 година, а Били се сврши во август истата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img