Тасески го посети Оперативниот координативен центар на Гранична Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Во рамки на меѓународната агенда на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, која започна денес, заедно со Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија г-дин Оливер Спасовски го посетивме Оперативниот координативен центар на Гранична Полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Романија каде присуствувавме на кратка презентација која беше реализирана од страна на колегите од Романија. Исто така, во Министерството за внатрешни работи на Република Романија имавме средба со романскиот Министер за внатрешни работи г-дин Лучијан Никола Боде, како и со Директорот на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК, г-дин Огуз Серкант АКИН, а во рамки посетата на седиштето на СЕЛЕК во Букурешт.
На средбите ја потенциравме досегашната одлична соработка, како и значајноста на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа како оперативна организација која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во областите на прекуграничен криминал.
Share This Article